Црна хроника
Кривична против кумановка, како нотар ја злоупотребила својата положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишната С.Л. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, извести МВР.
„Пријавената, нотар за подрачје на Основен суд Куманово, заверила договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу В.Т. од Велес како продавач и А.С. и А.М. од Куманово како купувачи, а врз основа на договорот направила потврда за солемнизација и на тој начин постапила спротивно на Закон за сопственост и други права, бидејќи како сопственик на имотот, покрај В.Т., се јавуваат и О.А. од Куманово и државата Република Северна Македонија“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две скопјанки се истепаа во авто-камп на Охридското езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје по што, се вклучило уште едно лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена пијана охриѓанка: управувајќи мопед, паднала и се повредила, а потоа била агресивна кон полицајците

Денеска во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишната М.М. од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.
Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато лице.
Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ.(56) од Пожаревац, Република Србија, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.