Црна хроника
Кривична против маж од Кавадарци за „кражба“ и „обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 39-годишниот С.Н. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“ и едно кривично дело „обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, извести МВР.
– На 24.07.2023 на улица „Прилепска“ во Кавадарци, од товарно возило „ивеко“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Д.С. од с.Криволак, неготинско, пријавениот одзел чанта со пари, дебитна банкарска картичка, лични документи и други предмети, по што истиот ден имал неуспешен обид да изврши електронска наплата со картичката, соопшти МВР.
– Исто така, на 25.07.2023 на улица „Зелен Пазар“ во Кавадарци, од патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот одзел два мобилни телефони, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Топ
Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка.
Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.
На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

