Црна хроника
Кривична против маж од Порој, му вперил пиштол на брат му

Полицијата поднесе кривична пријава против шеесет и шестгодишен маж од селото Порој.
Како што соопшти МВР, при вербална расправија, пријавениот вперил пиштол кон неговиот десет години помлад брат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Откриен незаконски лов на белвици во Охридското Езеро

Синоќа во периодот од 02.00 до 04.00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов.
Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми.
Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за понатамошна постапка.
Црна хроника
Поднесено обвинение за мотоциклистот што усмрти пешак на кејот и избега

Обвинителството поднесе обвинение против мотоциклистот кој на 1 јули усмрти пешак на кејот на Вардар, на пешачка зона, и избега.
Тој ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и занеукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
На 1 јули годинава, во вечерните часови, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, наменета исклучиво за движење на пешаци.
Моторот го управувал без воопшто да поседува возачка дозвола и спротивно на сообраќајните прописи, без да ја прилагоди брзината на движење. Имено, иако брзината на движење на моторот била 35 километри на час, што е помала од максимално дозволената на пат во населено место, сепак на наведената локација таа била поголема од безбедна брзина, имајќи предвид дека станува збор за пешачка патека на која моторот можел единствено да го турка, а не и да го вози.
Затоа не успеал навреме да запре и удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, роден 1957 година. При ударот, пешакот и сопатникот на моторот се здобиле со телесни повреди, а обвинетиот го оставил моторот и без да им укаже помош избегал од местото на несреќата.
Повредениот пешак со тешки телесни повреди бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје каде починал, додека сопатникот на моторот се здобил со телесни повреди.
Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Уапсени Србинки и Украинки во ноќен клуб во Гостивар

Во ноќен клуб во Гостивар полицијата уапси четири странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Според информациите на МВР, ноќеска во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар.
При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина.
Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.