Црна хроника
Кривична против маж од Танушевци за изнуда, прво побарал 39 илјади евра, подоцна долгот пораснал на сто илјади

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 54-годишниот Б.Е. од село Танушевци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, извести МВР.
– На 13.03.2023, пријавениот со уште едно лице од село Кондово отишле во домот на машко лице во скопско село, кој бил на работа во странство, и од неговата сопруга побарале да им исплати 39.000 евра како наводен долг кон нив, соопшти МВР.
Откако биле контактирани од лицето, му кажале дека неговиот долг се зголемил на 100.000 евра, за што во неколку наврати добил и закани, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд, тешко повреден малолетник

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Тетовско: возел со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.
Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.