Црна хроника
Кривична против осуммина вработени во Општина Кратово
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против А.Ј. (64) од Кратово, градежен техничар во одделение за урбанизам при Општина Кратово, Ц.А. (56), раководител на одделение за урбанизам, С.К. (58), соработник во одделение за урбанизам, М.Б. (70), поранешен референт за собирање и наплата на даноци и комунални такси, Д.Ф.К. (35), соработник за даноци и такси во одделението за финансиски прашања, М.К. (58), даночен извршител во одделението за финансиски прашања, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето“, и против Р.С.К. (37) од Кратово, раководител на одделение за финансиски прашања во Општина Кратово, и М.А. (62) од Кратово, поранешен градоначалник на општина Кратово, за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
Во текот на 2008 година, прво, второ и третопријавениот, како членови на комисија за утврдување пазарна вредност на недвижен имот во Општина Кратово, при процена на пазарна вредност на недвижен имот на 11 објекти во сопственост или како корисник на неколку фирми од Кратово извршиле процена на површина помала за 24.877 м2 од фактичката по што ја запишале во имотните листови на наведените објекти.
По ова, во периодот од 2008 до 2017 година, четврто, петто и шестопријавениот, при изготвување решенија за данок на имот и контрола на процената на фактичката квадратура, не извршиле соодветна процена на наведените објекти, а при пресметката на данокот за нив не ги опфатиле дворните места на наведените објекти, со што изготвиле решенија за данок на имот на наведените правни лица со помал износ.
Во наведениот период седмопријавената не извршила должен надзор врз работата на прво, второ, трето, четврто, петто и шестопријавениот, со што овозможила да бидат изготвувани решенија за наплата на данок на имот на наведените правни лица во помал износ.
Исто така, во периодот од 2008 до 2017 година, осмопријавениот, со пропуштање должен надзор, ги потпишувал изготвените решенија за наплата на данок на имот на наведените правни лица, со што овозможил тие да стекнат противправна имотна корист од 2.453.120 денари на штета на буџетот на Општина Кратово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

