Црна хроника
Кривична против полицаец за кражба на струја
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а став 1 од КЗ. Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од село Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

