Црна хроника
Кривична против полицаец од Македонска Каменица за загрозување на сигурноста
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И. И. од Македонска Каменица, полициски службеник во Полициското одделение Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста по член 144 од Кривичниот законик, односно дека упатил закани кон лице од Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеници поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор на МВР, а изречена е и мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, извести МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: бил агресивен и им се заканувал на членови на семејството
Вчера во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.
Според МВР, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без таблички и со 2,21 промила: пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица
На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л.
Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

