Контакт

Црна хроника

Кривична против сопственик на фирма од Боговиње поради случај со загинат работник

Објавено пред

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 44-годишниот Х.Р, сопственик на фирма од тетовско Боговиње, поради сомнение за сторено кривично дело предизвикување опасност при градежни работи.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од МВР, на 15 февруари годинава, додека Ј.С.(34) и С.И.(32) од Боговиње, заедно со уште три лица, сите вработени во фирмата на пријавениот, изведувале градежни работи на автопатот Тетово – Гостивар, при истовар на гранитни плочи една палета се завртела при што 34-годишникот од здобиените повреди починал на самото место, додека С.И. се здобил со тешки повреди.

Црна хроника

Возач под дејство на алкохол приведен во Куманово

Објавено пред

Утрово околу 3:50 часот, полициски службеници во Куманово привеле 23-годишен маж со иницијали Д.Т. од Куманово, кој управувал возило под дејство на алкохол.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од МВР, при редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило од марката фолксваген голф со кумановски регистарски таблички, кое го управувал Д.Т. По извршен алкотест, било утврдено дека возачот имал 1,64 промили алкохол во крвта.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Два месецa посредувал при проституција на 23-годишна државјанка на Косово, сместена во неговиот мотел, притвор за тетовец

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

„Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот“, соопшти Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

28-годишник возел со 2,04 промили алкохол во крвта, полицијата уапси пијани возачи во Македонска Каменица, Кочани и Виница

Објавено пред

Изминатата ноќ полицијата апсеше пијани возачи во Кочани, Македонска Каменица и Виница. Сите се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица.

dobivaj vesti na viber

„Синоќа во 03.20 часот на улицата Александар Македонски во Македонска Каменица, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило ’ауди’, управувано од Р.А. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта. Исто така во Македонска Каменица, на 24.07.2025 во 23.02 часот на улицата .Гоце Делчев полициски службеници  го лишија од слобода Т.Г. (49) од село Жиганци, општина Чешиново-Облешево, затоа што управувал патничко возило ’шкода’ под дејство на алкохол, односно имал 1,55 промили алкохол во крвта.

Денеска (26.07.2025) во 00.20 часот на улицата ’Искра’ во Кочани,  полициски службеници го лишија од слобода Ф.К.(21) од Кочани, кој управувал патничко возило ’сузуки’ со 1,56 промили алкохол во крвта, утврдени при контрола во патниот сообраќај.

Исто така денеска, во 02.10 часот во Виница,  полициски службеници го лишија од слобода Т.Л.(33) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека Т.Л. управувал патничко возило ’голф’ со 1,57 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР,

По целосно документирање на случаите, против пијаните возачи ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized3 часа

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион3 часа

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија4 часа

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет17 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија18 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија20 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет21 час

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија23 часа

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија1 ден

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized1 ден

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија2 дена

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија2 дена

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија2 дена

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ2 дена

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија2 дена

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ2 дена

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија2 дена

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија2 дена

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...