Црна хроника
Кривична против стружанка што на интернет објавувала компромитирачки фотографии од поранешното момче
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишна жена од струшкото село Горно Татеши поради сомнение дека на социјалните мрежи објавувала компромитирачки фоторафии од своето поранешно момче.
Со ваквата постапка таа сторила кривично дело злоупотреба на лични податоци.
Како што информираат од МВР, на 17 септември годинава, пријавената на социјалните мрежи „Фејбук“ и „Инстаграм“ креирала лажни профили на име на 36-годишен тетовец со кого претходно била во љубовна врска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра
Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра.
Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.
Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. Во неколку наврати, преку трансакциска сметка, оштетениот му исплатил вкупно 6.650 евра. По тоа, осомничениот престанал да комуницира со него, по што случајот бил пријавен во полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Две возила „ауди“ опожарени за само час и половина во Скопје
Две патнички возила oд марката „ауди“ се опожарени во текот на ноќта во одделни инциденти на различни локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Првиот случај бил пријавен на синоќа, околу 02:00 часот по полноќ, кога на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било опожарено возило марка „Ауди“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Кусо подоцна, во 03:30 часот, бил пријавен уште еден пожар на паркинг на улицата „Лазар Димитров“, каде било опожарено патничко возило „Ауди А4“, исто така со скопски регистарски ознаки, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. И во овој случај, интервенирала противпожарната служба, а нема пријавени повредени.
Во двата случаи, увид извршила екипа од СВР Скопје, а околностите се испитуваат.
Црна хроника
Договор за продажба на имот со својот татко, па поврат преку катастар: Кривични пријави за службена злоупотреба и измама
Полицијата поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама во постапка поврзана со продажба и поврат на недвижен имот.
Според информациите од МВР, пријавениот З.М. (51) од Струмица во 2022 година дал полномоштво на трето лице за продажба на негов имот, иако претходно потпишал изјава дека тој имот нема да го отуѓува, заложува или на друг начин дава на располагање без писмена согласност на таканаречен „ремитент“ – поради обрска поврзана со кредит.
Имотот бил продаден на неговиот татко, со склучување на договор кој потоа бил потврден од нотар и електронски спроведен во Катастарот на недвижности.
Подоцна, службеничка во Катастарот – К.Д. (55) од Јосифово, која работела како самостоен референт за геодетски работи – извршила промена во евиденцијата со која парцелата повторно се водела како сопственост на З.М., односно враќање на имотот од новиот сопственик назад на продавачот.
Поради овие дејствија, против К.Д. е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, а против З.М. – за измама.

