Црна хроника
Кривични за двајца скопски дилери кои продавале марихуана и амфетамини
Скопската полиција во два одделни случаи поднесе кривични пријави против двајца дилери за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Во првиот случај, при претрес на домот на 44-годишен скопјанец била пронајдена марихуана. Во вториот случај во станот на 30-годишник од Скопје биле пронајдени амфетамини, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Осуденик нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.П.(50) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 23.05.2024 во амбулантното одделение во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавениот физички нападнал затворски полицаец при вршење службени дејствија.
Црна хроника
Нападнал полицаец кој се обидел да го спречи да побегне од затворот: кривична пријава за осуденик
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(25) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 15.03.2024, пријавениот физички нападнал затворски полициски службеник, кој се обидел да го спречи да побегне од казнено – поправната установа, каде издржувал затворска казна.
Црна хроника
Малолетник нападнат од соученици: се обиделе да извршат полово дејствие врз него
Синоќа во 20.00 часот во СВР Скопје, 44 – годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11.00 до 15.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.
Малолетниците како што соопшти полицијата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија надлежните.