Црна хроника
Организацискиот директор на Токсикологија наместил тендер за набавка на медицинска опрема
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица, од кои: првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот во својство на управител на правното лице „Уни медикал ПСТ“ – Скопје и третопријавената како службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 став 5 вв став 1 од Кривичниот законик, кривично дело поттикнување од член 23 став 1 од Кривичниот законик и кривично дело фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик и кривично дело несовесно работење во службата.
Имено, првопријавениот во својство на организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје во текот на 2016 година, потикнат од второпријавениот во својство на управител на правното лице „Уни медикал ПСТ“ – Скопје ја искористил службената положба и овластувањето на начин што спротивно на Законот за јавните набавки, без да постапи целосно по решението за давање согласност на Советот за јавни набавки, иако знаел дека клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас за набавка на медицински средства во кој дефинирал набавка во еден неделив предмет и технички спецификации, кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата, а со цел фаворизирање на економскиот оператор „Уни медикал ПСТ“ – Скопје по што на правното лице „Уни медикал ПСТ“ – Скопје како единствен понудувач му овозможил да стекне противправна имотна корист во износ од 3.542.317 денари, а воедно пријавените му предизвикале и штета на буџетот на клиниката во износ од 942.315,00 денари.
Второпријавениот во својство на управител на правното лице „Уни медикал ПСТ“ – Скопје, со намера да изврши продажба на медицинското средство и да стекне противправна имотна корист, во истиот период во Агенцијата за лекови и медицински средства употребил исправа со невистината содржина на начин што внел невистинит податок за потеклото на медицинското средство, а третопријавената во својство на службено лице несовесно постапила во издавањето на одобрението за увоз на медицинското средство, односно изготвила и одобрила одобрение за увоз на медицинско средство, чиј производител не е регистриран во регистарот на медицински средства, како и не е извршено запишување во регистарот на медицински средства што се води во РСМ, со што третопријавената на правното лице „Уни медикал ПСТ“ – Скопје му овозможила да изврши увоз и да продаде медицинско средство во вкупна вредност од 6.115.468 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

