Црна хроника
Кривични пријави за четири лица – незаконски исплаќале аванси во јавно претпријатие во Валандово
Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.Б.(30), В.П.(34), Е.О.(64) и С.О.Т.(32) од Валандово, поради „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 1.01.2014 до 20.11.2017 година првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие. Притоа, во периодот од 1.01.2014 до 2.02.2015 година, третопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, и во периодот 11.02.2015 до 30.10.2018 година четвртопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, вршеле исплата на парични средства, во вид на аванси, на вработени без приложена соодветна документација, додека за дел од исплатените средства не воделе ниту сметководствена евиденција.
Исто така, во периодот од 21.11.2017 до 30.10.2018 година, второпријавениот, како директор на ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид.
„Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.