Црна хроника
Кривични пријави против ексдиректори на ЈПКД „Тополка“, нанеле штета од над 3 милиони денари
Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(45) од с.Чашка, општина Чашка, поранешен директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка и против Е.К.(30) поранешен вршител на должност – директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл. 353 од Кривичниот законик на Р. Македонија. Тие, во периодот од деловните 2016 и 2017 година на имотот на ЈПКД „Тополка“ – Чашка нанеле материјална штета во вкупен износ од 3.045.908 денари.
„Ѓ.З. во својство на директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка во периодот од јануари 2016, заклучно со август 2017 година (кога бил разрешен по сопствено барање, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка) искористувајќи ги и пречекорувајќи ги службената положба и овластување, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп. Со ваквото свое работење, пријавениот Ѓ.З. ги прекршил одредбите од Законот за јавни набавки и средствата на ЈКПД Тополка- Чашка (член 2 од ЗЈН) не ги користел на рационален и ефикасен начин, со што во 2016 година на ЈКПД Тополка- Чашка му било нанесена материјална штета во вкупен износ од 1.731.173 денари, а во 2017 година било нанесена материјална штета во вкупен износ од 1.110.757 денари, или вкупно за двете години 2.841.930.00 денари. Со тоа пак на Агенцијата за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп, односно на повеќе физички лица ангажирани преку Агенцијата им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 2.841.930.
Второпријавената Е.К. во својство на вршител на должност – директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка (именувана на ден 04.08.2017 година, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка), во периодот од септември 2017, заклучно со ноември 2017 година, на ист начин како и првопријавениот искористувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување му нанела материјална штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 203.978 денари. Е.К. спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, во текот на 2017 година, склучила договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.