Црна хроника
Кривични пријави против четворица млади од Битола, сакале да ограбат фирма
Четворица млади лица, меѓу кои еден малолетник, сите од Битола сакале да ограбат фирма во Радобор. Против нив е поднесена кривична пријава.
„На 09.05.2023 од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесена е кривична пријава против Н.М.(18), К.М.(23), З.М.(22) и малолетник, сите од Битола, поради основи на сомнение дека на 02.05.2023 се обиделе да извршат тешка кражба во фирма во Радобор, битолско“.
Во извршениот службен разговор во СВР Битола, пријавените го признале во целост кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка
Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.
„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање
Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.