Црна хроника
Кривични против двајца од Гевгелија, на деветмина им дале дозволи за движење за време на ковид

ОВР Гевгелија поднесе кривични пријави против 53-годишниот А.У. и 47-годишниот против А.П., двете лица од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, извести МВР.
– А.У., во својство на одговорно лице во приватна фирма од с.Стојаково – Богданци, во три наврати извршил пречекорување на своите законски овластувања, додека А.П. во својство на одговорно лице во приватна фирма од Гевгелија во шест наврати извршила пречекорување на своите законски овластувања, соопшти МВР.
Имено, за време на забрана за движење на населението како мерка за спречување на ширењето на Ковид – 19, А.П. на три лица од с.Богородица, а А.У. на шест лица од Гевгелија им издале дозволи за движење за вршење на сменска и ноќна работа и покрај тоа што тие не биле вработени во фирмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И., извести МВР.
За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.
Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.
Црна хроника
30-дневен притвор за државјанин на Полска, пронајдена е дрога кај него

Вчера во 11:00 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот П.Т.С. од Полска, затоа што кај него пронајдоа и одзедоа дрога.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по чл.215 од КЗ, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Еден скопјанец и двајца Срби уапсени за „даночно затајување“ и „недозволена трговија“

Денеска во 01:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија.
Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со цигари.
Возилата и цигарите се одземени, а по насока на јавен обвинител лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против М.З. ќе биде поднесена пријава за „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, додека, против српските државјани ќе биде поднесена пријава за „недозволена трговија“ по член 277 од кривичниот законик.