Црна хроника
Кумановец обивал автомобили и крадел, полицајци го затекнале на дело
Вчера, во 2 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д. Б. (36) од Куманово.
„Тој со употреба на сила од три патнички моторни возила на улицата Бранко Богдански-Гуцман во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници“, велат од МВР
Д. Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец на голф, автомобилот е вратен на сопственикот
Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 19.40 часот во тетовското село Порој го лишиле од собода Е.М.(27) од Косово, поради тоа што противправно одзел патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на лице од село Џепчиште, тетовско.
Како што соопшти денеска МВР, Е.М. е задржан во полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека одземеното возило му било вратено на сопственикот.
Црна хроника
Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Струмица-Валандово
Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Според официјалните информации од МВР, едно лице го загубило животот.
„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР.
Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Поднесена кривична пријава за шверц на мигранти
Регионалниот центар за гранични работи Југ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од село Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Вчера околу 08:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица” Д.П. бил затекнат, на место во близина на граничен камен 61/3, додека во својство на водич, пренесувал илегални мигранти од Кина, од грчка на македонска страна.
Две женски лица од Кина се предадени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.