Црна хроника
Кумановец со автомобил удрил во 7-годишно дете

Вчера напладне триесетгодишен маж од Куманово со својот автомобил удрил во седумгодишно дете.
По незгодата, детето со возило на итната медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по една недела пратила порака дека е во Србија

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.
Црна хроника
Го уценувал и му барал пари: адвокат во Скопје физички нападнат од едно лице

Адвокат од Скопје пријавил напад на работното место.
– На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари, стои во билтенoт на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во куќа во Петровец

Вчера во 21.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот во с.Петровец, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Т.(82) од с.Петровец.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид.