Црна хроника
Кумановец со возило удрил негов сограѓанин кој работел на улица , го признал делото

Полицајци во СВР Куманово извршиле службен разговор со М.Х.(49) од Куманово.
Тој се сомничи дека околу 12.30 часот на ул.„Тоде Мендол“ со возило „шкода фабиа“ со кумановски регистарски ознаки удрил во Д.Д., вработен во општина Куманово, кој извршувал работни задачи на улицата со негов колега.
Во службениот разговор М.Х. го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина 74-годишен маж: со возилото излетал од патот во Кичевско

Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете.
Како што информираат од обвинителството таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години.
Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени.
Црна хроника
Македонски државјанин кој летувал во Саранда најден починат во стан

Македонски државјанин е пронајден без знаци на живот во стан каде што престојувал на одмор, во крајбрежниот албански град Саранда.
Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот.
-Полицијата во Саранда објави дека жртвата, идентификувана како О. Ј. (20), била пронајдена од членовите на неговото семејство додека бил во станот каде што престојувал за време на престојот во Албанија, објавија медиумите.
Прелиминарниот преглед на телото не открил никакви траги на насилство. Се сомнева дека младиот човек починал од природна смрт, но обдукцијата треба да ја потврди причината.
Властите продолжуваат со истрагата за да ги разјаснат сите околности на овој трагичен настан.
Ова е втор трагичен крај на македонски државјанин, за време на престој во Албанија.
Во средината на овој месец во близина на Драч, на плажата кај Каваја, се удави 66- годишен македонски државјанин.