Црна хроника
Купувале возила, ама не ги плаќале – кривични пријави за тројца измамници од Скопје
Полицијата поднесе кривични пријави за измама против тројца скопјани што купувале возила, ама не ги плаќале.
Според информациите на МВР, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднесе кривични пријави за сторени кривични дела измама против Н. И. (27), Н. А. (30) и А. А. (32), сите од Скопје.
Н. И. на 13.4.2021 свесно ја довел во заблуда С. С. Т. од Скопје, со која усно договорил купопродажба на „бмв 350 Д“ за цена од 2.500 евра за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и 14.000 денари по што го зел возилото со договор потоа да го донесе остатокот на парите, но не се вратил и не ги донел парите.
Н. А. и А. А., пак, со намера да стекнат противправна имотна корист во 2019 година, го довеле во заблуда Г. Р., кој на „Фејсбук“ имал оглас за продажба на „фолксваген поло“. Тие со оштетениот потпишале и кај нотар завериле купопродажен договор за предметното возило за цена од 5.000 евра, без притоа да му платат, а возилото го продале на трето лице од Охрид за цена од 4.500 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

