Црна хроника
Кучиња на охриѓанец тешко повредиле жена, а потоа и човек кој сакал да ѝ помогне
На улицата „7 ноември“ во Охрид, во попладневните часови на 05 јануари, 53-годишна охриѓанка била нападната од кучиња во сопственост на 38-годишен сограѓанин.
Притоа, 50-годишен охриѓанец се обидел да ѝ помогне на жената, но и тој бил нападнат. Двајцата се здобиле со тешки телесни повреди и пренесени се во Општата болница во Охрид.
По целосно документирање на случајот, охридската полиција против 38-годишниот сопственик на кучињата, ќе поднесе соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Затвореник од Идризово нападнал чувар
Вчера во просториите на судско одделение во болниц а во Карпош, вработен во затворот Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
МВР: Вработена во казино префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, па играла иако не и било дозволено
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување.
„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.