Црна хроника
Кучиња скитници искасаа маж на плоштадот Македонија

Кучиња скитници искасале маж на плоштадот Македонија. Според информациите на полицијата, инцидентот се случил во понеделникот.
Џ.Б. (33) од Скопје пријавил во полиција дека околу 7 часот движејќи се на плоштадот, бил нападнат од страна на кучиња скитници и едно од нив го каснало во пределот на коленото од десната нога по што се упатил во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Два месецa посредувал при проституција на 23-годишна државјанка на Косово, сместена во неговиот мотел, притвор за тетовец

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.
„Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот“, соопшти Обвинителството.
По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.
Црна хроника
28-годишник возел со 2,04 промили алкохол во крвта, полицијата уапси пијани возачи во Македонска Каменица, Кочани и Виница

Изминатата ноќ полицијата апсеше пијани возачи во Кочани, Македонска Каменица и Виница. Сите се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица.
„Синоќа во 03.20 часот на улицата Александар Македонски во Македонска Каменица, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило ’ауди’, управувано од Р.А. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта. Исто така во Македонска Каменица, на 24.07.2025 во 23.02 часот на улицата .Гоце Делчев полициски службеници го лишија од слобода Т.Г. (49) од село Жиганци, општина Чешиново-Облешево, затоа што управувал патничко возило ’шкода’ под дејство на алкохол, односно имал 1,55 промили алкохол во крвта.
Денеска (26.07.2025) во 00.20 часот на улицата ’Искра’ во Кочани, полициски службеници го лишија од слобода Ф.К.(21) од Кочани, кој управувал патничко возило ’сузуки’ со 1,56 промили алкохол во крвта, утврдени при контрола во патниот сообраќај.
Исто така денеска, во 02.10 часот во Виница, полициски службеници го лишија од слобода Т.Л.(33) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека Т.Л. управувал патничко возило ’голф’ со 1,57 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР,
По целосно документирање на случаите, против пијаните возачи ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Лишени од слобода 12 лица во Гевгелиско, полицијата најде дрогa

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија синоќа во периодот од 22.00 до 03.00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај“, Гевгелиско ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш и Е.Ј.(22) од Берово.
Како што соопшти МВР, во осум поединечни случаи при преглед на лицата или во возилата во кои се превезувале биле пронајдени марихуана и четири таблети виолетова боја.
За сите настани бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.