Црна хроника
Лимена барака изгоре во пожар во Аеродром
Лимена барака изгоре во пожар во скопската населба Аеродром. Огнената стихија започнала по полноќ, а огнот бил локализиран два часа подоцна. Во пожарот била зафатена барака на булеварот Јане Сандански бр 65,а во гаснењето на огнот учествуваче три возила со седум пожарникари, информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје.
Според првичните информации зафатени е површина од 50 метри квадратни, а штетата се проценува на 800 000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетници претепале девојче во парк во Ѓорче Петров: ја ограбиле, а еден од нив и снимал
Денеска во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Измамена скопјанка: лажен полицаец ѝ побарал над 600.000 денари поради сообраќајка на ќерка ѝ
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари.
Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.
Како што е пријавено, таа подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Малолетници во автобус вознемирувале девојче и го допирале по телото
Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од Центар до општина Аеродром, неколку машки малолетни лица ја вознемирувале неговата малолетна ќерка и ја допирале по телото, при што едно од нив се соблекувало пред неа.
Известен бил јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.