Црна хроника
Лица од Дебар спречени во обид на шверц на добиток кон албанска територија
Вчера околу 17.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад ги лишиле од слобода О.З(44) и еден малолетник, двајцата од Дебар, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 од Кривичниот законик – „криумчарење“ со жив добиток преку државна граница.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Паднат и со повреди во подземна гаража во Скопје е најден маж од Велика Британија
Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.