Црна хроника
Лишено од слобода лице барано со потерница
Синоќа, во 22.20 часот, на улицата Самуилова во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги го лишиле од слобода С. К. (27) од Скопје.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Еден загинат во сообраќајна незгода кај Крива Паланка: возилото излетало од пат и се превртело
Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кога автомобилот „фолксваген голф“ излетал надвор од патот и се превртел, извести СВР Куманово.
Според информациите од полицијата во Куманово, незгодата се случила околу 14 часот.
Во несреќата сопатникот починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и уште едно лице, додаваат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Црна хроника
Уапсен е 24-годишник, силувал малолетничка од валандовско село
Вчера во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(24) од село Прналија, кој се сомничи дека на 22.01.2025 во валандовско извршил обљуба врз малолетничка од валандовско село.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
Вчера во 18.00 часот во СВР Тетово Б.С.(48) од село Голема Речица, пријавил дека во нивната семејна куќа, поточно во неговата соба, го затекнал неговиот син Х.С.(20) без знаци на живот.
Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги од насилство.
Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било пренесено во Клиничка болница Тетово на обдукција.