Црна хроника
Ловџија повреден од куршум испукан од негов колега
Лекар од Итната медицинска помош во Демир Хисар во утринските часови на 05 јануари во полиција пријавил дека во болницата во Демир Хисар бил донесен 54-годишник кој за време на лов се здобил со повреда на левата надколеница.
Според кажувањето на пациентот, со повредата се здобил во околината на село Обедник, на местото викано „Локва“, откако негов 52-годишен соселанец испукал куршум од ловна пушка.
Полицијата извршила увид по овластување на јавен обвинител и презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Кривична пријава и одземени возила на возачи од Охрид: предизвикале сообраќајна несреќа, при тоа имале изречени забрани за возење, а едниот бил пијан
Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот В.В.М. од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ј.П. од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.Н. од Охрид.
По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

