Црна хроника
Локомотива удрила во „голф“ на железничката пруга Скопје – Тетово
На железничката пруга Скопје – Тетово, во пладневните часови на 15 април, кај патниот премин Сарај – Кондово, се случила железничка незгода во која учествувале локомотива и автомобил „голф“.
Како што информираат од МВР, локомотивата „ТМД-рабел“ била управувана од 56-годшен скопјанец, а „голфот“ од 41-годишник, исто така од Скопје.
Во незгодата повреди добил возачот на автомобилот по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.
Железничкиот сообраќај бил во прекин околу два часа, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Деца од Струмица пријавени за насилство врз соученик
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе известување согласно Законот за правда за децата против тројца малолетници од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Според информациите од полицијата, на 29 декември 2025 година, во основно училиште во Струмица, а потоа и надвор од училишниот објект, пријавените физички нападнале нивен соученик. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и постапување по случајот, во согласност со законските прописи што се однесуваат на малолетни лица.

