Црна хроника
Маж загина во сообраќајка во делчевско
Педесет и двегодишен жител на Македонска Каменица загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, кај место викано „Баткова чешма“, атар на с.Драмче, делчевско.
Несреќата се случила помеѓу автомобил „цитроен“, управувано од Љ.Т.(49) од Македонска Каменица и автомобил „волво“, управувано од П.С.(52) од Македонска Каменица.
Во незгодата, П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите.
Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

