Црна хроника
Маж загина во сообраќајна несреќа – му се слошило и излетал со возилото
Педесет и двегодишен маж со иницијали Ш. Ј., од тетовски Копачиндол, загина во сообраќајна несреќа.
Од полицијата соопштија дека несреќата се случила вчера попладне на автопатот Тетово – Скопје. На мажот му се слошило и со автомобилот излетал од коловозот.
По незгодата, тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница, каде што лекарите констатирале смрт.
Во автомобилот се превезувало уште едно лице од истото село, кое завршило во болница со телесни повреди.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот му било предадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица
Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со мопед удрил во метален столб на Партизанска: две лица тешко повредени
Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
„Ауди“ удри во мопед во Битола: тешко повреден 65-годишен маж
Во СВР Битола, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.