Црна хроника
Маж и жена од Бугарија измамиле скопјанка за 8.000 евра, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против маж и жена, државјани на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со прикажување лажни факти преку телефонски разговор довеле во заблуда една оштетена со живеалиште во општина Аеродром, на која во два наврати ѝ зеле вкупен износ од 8.000 евра. Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5.100 евра, а потоа уште 2.900 евра.
Со оглед на тоа што осомничените се странски државјани без регулиран престој во земјава, па постои висок ризик да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

