Црна хроника
Маж нападнал две жени во кафеана во Битолско

Две битолчанки биле фузички нападнати во кафеана.
Нападот се случил околу 1.30 часот по полноќ, а во полицијата е пријавен 34-годишен маж.
„Во угостителски објект во Битола Ш.З.(34) од с.Трново, битолско физички ги нападнал со тврд предмет А.Е.(21) и Љ.З.(36), двете од Битола“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Филмска кражба во златара во Гостивар: Маскирани лица крадат злато и пари и бегаат со црн џип

Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.
Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот.
Денес се очекуваат повеќе информации од полицијата за тоа дали крадците се фатени или побегнале.
Црна хроника
Уапсен крадец во Кавадарци: ја истепал и вработената во маркетот што го ограбил

Денеска во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 44-годишниот Л.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“.
Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот.
Таа се упатила кон него да ги земе производите, но тој ја нападнал со остар предмет, кој му го одзела, по што физички ја нападнал и побегнал.
Л.С. е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко.
При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.