Црна хроника
Маж најден починат во хотел на Бит Пазар, МВР објави детали за случајот
Маж од Турција бил најден починат утрово во 5 часот во хотел лоциран на булеварот Крсте Мисирков, на подрачјето на Бит Пазар.
Како што информираа од полицијата, се работи за 87-годишен маж со иницијали Д.Т. од Република Турција.
Контстирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.