Црна хроника
Маж најден починат во штала во Росоман
Педесет и шестгодишен маж бил најден починат во штала во Росоман во близина на игралиште.
Телото на мажот (М.С.) било најдено вчера, а според информациите од МВР, тој таму престојувал како безомник.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Засега нема информации за причините за смртта на човекот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Товарно возило удрило во 54-годишна жена во Прилеп
Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која товарно моторно возило „исузу” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(40) од Македонски Брод, удрило во С.С.(54) од Прилеп.
С.С. била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
Црна хроника
Прегазен пешак: 18-годишниот возач потоа удрил и во паркирано возило
Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(18) од с.Ломница, гостиварско, удрило во паркирано патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано од Д.Ш.(39) од Гостивар и во пешак М.А.(65) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката Д.Ј.(26) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Краделе од училиште во Криволак: уапсени две лица
Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 10.50 часот и во 13.00 часот, ги лишиле од слобода Д.Н.(19) и Ф.М.(21), двајцата од село Криволак, неготинско.
Тие се сомничат дека во периодот од 29.12.2024 до 30.12.2024 одзеле повеќе предмети од општинско основно училиште во село Криволак.
Предметите биле пронајдени и вратени во училиштето. Д.Н. и Ф.М. биле приведени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.