Црна хроника
Маж не успеал да извлече давеничка од Вардар
Скопската полиција на 1 април напладне добила пријава од маж што рекол дека во водите Вардар, под мостот кај Народната банка, забележал жена што се давела.
Според пријавеното, тој се обидел да ја извлече, но не успеал, по што повикал брза помош и полиција. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита телото на жената било извлечено од водата, но докторите констатирале смрт.
По извршениот преглед, било утврдено дека се работи за жена на возраст од 77 години. Телото на починатата, по наредба на јавен обвинител, било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.