Црна хроника
Маж од Неготино со мопед удри во куќа, тешко е повреден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/brza-pomosh.jpg)
Неготинец со мотоцикл „јамаха“, без регистрација, загубил контрола и удрил во куќа.
Како што објави МВР, мажот го напуштил местото на несреќата по што во болница во Неготино му биле констатирани тешки телесни повреди.
„На 17.5.2023, во 19 часот, во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на улицата Ленинова со улицата Даме Груев во Неготино, В. К. (33) од Неготино, управувајќи мотоцикл ‘јамаха’, без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа по што го напуштил местото. По несреќата, во болницата во Неготино на В. К. му биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Вознемирувал жена од Центар за згрижени лица и нападнал полицаец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/tupanici-za-policaec.jpg)
Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45-годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село.
Потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/ulicno-kuce.jpg)
Вчера во 18.35 часот во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возач со автомобил удри во велосипедист и тешко го повреди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/velosiped.jpg)
Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.