Црна хроника
Маж пријавил злоупотреба на личните податоци на „Фејсбук“
Во тетовската полиција, С.И.(65) од Тетово пријавил злоупотреба на лични податоци од страна на лице од Делчево.
Според пријавеното, лицето на „Фејсбук“ објавило негова фотографија и навреди упатени на негова адреса.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, уапсен кумановец што ги превезувал
Утрово во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.
„При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан“,соопшти МВР.
Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

