Црна хроника
Маж прободен со нож во Тетово

Триесет и седумгодишен тетовец завршил во болница со убодна рана по расправија на улицата Штипска.
„На 12.4.2018 година околу 23:00 часот било пријавено дека во Тетово на улицата Штипска настанала расправија помеѓу Г.М.(37) и М. Е. (36) при што М.Е. со остар предмет на Г.М. му нанел убодна рана во пределот на десната слабина и го напуштил местото на настанот. На Г.М. во Медицинскиот центар во Тетово му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредата, со возило на Итна медицинска помош бил препратен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Секторот за внатрешни работи Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

АМСМ информира за прекин на сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна несреќа.
Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај ресторан „Фемили“ од 13:00 часот е во прекин, соопштија надлежните.
Црна хроника
Загина 74-годишен маж: со возилото излетал од патот во Кичевско

Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.