Црна хроника
Маж пронајден починат во стан во Кисела Вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/ThinkstockPhotos-807848828_620x0.jpg)
Итната медицинска помош вчера околу 16 часот пријавила дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство.
МВР јави дека се работи за 41-годишен маж од Скопје, со иницијали Н.А.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Три лица останале без пари по посета на спа центар во центарот во Скопје – грабеж во соблекувалната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/spa.jpg)
Три лица пријавиле дека завчера во периодот од 19.00 до 21.30 часот од соблекувална на спа центар во хотел на подрачјето на Центар им биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полицски билтен.
Црна хроника
Грабеж во Чаир: искршени апарати за игри на среќа и украдени пари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340100298_727343369082993_245299473340502978_n.jpg)
Во скопската населба Чаир во текот на вчерашниот ден имало грабеж во спортска обложувачница.
„На 09.02.2025 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека со употреба на сила и погоден алат било влезено во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир, биле оштетени неколку апарати за игри на среќа и биле одземени пари“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тинејџер заврши на клиника – на излез од ноќен клуб во Скопје му ги украле патиките и јакната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/policija-slika.jpg)
Тинејџер заврши на комплексот клиники во Скопје по инцидент што се случил синоќа по полноќ.
Според пријавата на мајката, момчето излегло од ноќен клуб на подрачјето на Центар, и му биле одземени патиките и јакната.
Од МВР велат дека тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ кадешто му била укажана помош, иако нема посочено детали дали му биле нанесени повреди и од каква природа.
Се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.