Црна хроника
Маж ја натепал сопругата во Скопје, а им се заканувал и на нејзините браќа
40-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот брачен партнер Х.Ш.(48) од Скопје.
Според пријавеното, тој со остар предмет им се заканувал и на нејзините двајца браќа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово
Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство, а се претпоставува дека е од Првата светска војна, веднаш потоа беше преземена од страна на пиротехничар од ДЗС Берово за негово уништување.
„Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно зашто е стапено во контакт со полицијата и сепак е несоодветна од безбедносен аспект. Поради своја безбедност и на околината, граѓаните треба да постапуваат во согласност со безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства (НУС) или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку, едноставно, да се јават на 112 во ЦУК и со НУС ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно и за нив и за сите во нивната околина“, соопштуваат од ЦУК.
Црна хроника
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
Денеска, во 1.10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 36-годишниот Д. А. од Кавадарци, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во времетраење од две години“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ за издржување на казната.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.