Топ
Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Нови Сад
Четириесет и четиригодишен македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Нови Сад. Српските медиуми објавија дека до несреќата дошло кога автомобил „фолксваген шаран“ со македонски регистарски таблички излетал од патот.
Во несреќата се повредени уште пет македонски државјани кои се пренесени во Клиничкиот центар Војводина.
На возачот (51) од Ниш му е одреден притвор.
„Блиц“ пренесува дека ударот бил толку силен што телото на загинатиот полицијата го пронашла по неколку часа, оддалечено неколку десетина метри од уништениот автомобил.
„Двајца пациенти се тешко повредени, но се во стабилна состојба, а тројца се здобиле со полесни повреди. Првите двајца се во ургентниот центар, а тројцата се на ортопедија. Во тек е интензивен лекарски надзор и контрола по која ќе имаме подетални информации за нивната здравствена состојба“, соопштиле од клиниката во Војводина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје
Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец утрово се без парно греење.
Од ЕСМ Снабдување со топлина информираа дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија.
„Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите“, информираат од ЕСМ.
Македонија
Граѓаните ќе може да ги отповикаат градоначалниците што ќе бидат избрани наесен, Перински вели дека законот ќе биде применлив
Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес, пред почетокот на вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, рече дека, според распоредот по кој се раководат, измените на законот треба да бидат изгласани пред изборите.
„Нашиот опсег на активности предвидува целиот овој консултативен процес со адаптацијата на предлог-измените на Законот за локалната самоуправа да заврши до крајот на март и потоа да влеземе во консултации со сите парламентарни политички партии. Да отвориме и таму една дискусија за да ги презентираме работите што сакаме да ги имплеметираме во новото законско решение. Очекувањата се дека од следните локални избори изменетиот Закон за локалната самоуправа ќе биде применлив“, рече министерот Перински.
На првата консултативна средба за измените на Законот за локалната самоуправа, која се одржа во Битола, Перински потсети дека разговарале технички за степенот или можноста за отповикување градоначалник и за процентуалниот удел на граѓанските иницијативи за да се влезе во фаза на референдумско изјаснување. И на денешната средба, која се одржува во Штип, ќе се разговара за трите постулати за измена на законот, кои, според Перински, се референдумска можност за отповикување градоначалници како единствени функционери кои сега не може да бидат отповикани, воведувањето комунална полиција и поголемо учество на граѓаните во работата на општината.
Македонија
Нема настрадани во пожарот во домот за стари лица во Квадарци, според првичните информации
Нема настрадани лица во старечкиот дом во Кавадарци, укажуваат првичните информации.
Од ЦУК во Кавадарци информираа дека пожарот го гаснат 12 пожарникари со 3 противпожарни возила На терен се и 7 полицајци, возила на Итната медицинска помош и минибуси за транспорт на лицата.
Од сместените во домот, пет лица се неподвижни.
Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе оствари комуникација со Итна медицинска помош Неготино за да испратат едно возило на испомош.
Се планира лицата да бидат транспортирани во Општа Болница Кавадарци.