Црна хроника
Малолетна сопатничка тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Зелениково
Вчера, во 17.45 часот, било пријавено дека во с. Зелениково, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Ќ. (50) од с. Страхојадица, и патничко моторно возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Г. (37) од с. Зелениково.
Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген“, а телесни повреди добиле двајцата возачи, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукање во Студеничани, полицијата спречена од толпа да го уапси сторителот
Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух.
Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
21-годишен мотоциклист загина во несреќа кај Старо Нагоричане
Вчера во 16:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Кокино-с.Длабочица, општина Старо Нагоричане, мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од А.Д.(21) од Куманово, излетал од коловозот.
Од здобиените повреди на пат кон болница починал мотоциклистот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Нелегално организирал коцкање, кривична пријава за жител на Кочани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Д. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.
Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено организирал и овозможувал учество во игри на среќа- комар.
Полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес, при што биле затекнати 11 лица кои играле комар, а при претресот биле пронајдени пари и други предмети поврзани со организирање на комар.

