Црна хроника
Малолетник извесно време напаѓан од соученик во училиште во Драчево, мајката го пријавила случајот
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, 31-годишната В.Т. од Скопје пријавила дека во изминатиот период во основно училиште на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички напаѓан од негов соученик, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.