Црна хроника
Малолетник нападнат од две момчиња во Гостиварско
Малолетник од Гостиварско пријавил дека бил физички нападнат од страна на две момчиња. Едното момче, според изјавите на жртвата, користело кожен предмет, а другото со остар предмет му нанело повреда во ногата.
Имено, вчеравечер, од 20.15 до 21.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С. Ф. (18) и 17-годишник, двајцата од гостиварско Сенокосе, кои претходно биле пријавени од малолетник од гостиварски Добридол дека околу 17.30 часот на влезот во селото Сенокосе физички го нападнале. Според пријавеното, едниот од нив користел кожен предмет, а другиот со остар предмет му нанел повреда на ногата.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што против инволвираните ќе следуваат поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

