Црна хроника
Малолетник од Струга бил сексуално злоупотребуван од средношколец
Струшката полиција во текот на вчерашниот ден добила пријава од Центарот за социјални работи во Струга дека малолетник од градот во неколку наврати, под закана, бил сексуално злоупотребен од друго малолетно лице.
Во Центарот за социјални работи бил извршен разговор со малтретираниот ученик од средно училиште во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца. Во разговорот тој изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице, исто така ученик во средно училиште.
Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

