Црна хроника
Малолетник од Струмица починал по пад од четирицикл

Синоќа во 22:20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат с.Иловица – с.Турново, Струмичко, малолетник од с.Иловица, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, на кој се превезувале уште двајца малолетници од истото село, изгубил контрола, при што еден од двајцата сопатници паднал на коловозот.
Тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде што била констатирана смрт.
Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица нападнале возач во автобус на ЈСП

Вчера во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.