Црна хроника
Малолетник со мотоцикл се судри со „опел“, повредени се две деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/motor-soobrakajka.jpg)
Вчера во 23.00 часот во полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосница од ул.„Илија Алексов“ со ул.„Ѓорче Петров“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од с.Ракитец, општина Конче, и мотоцикл „теккен“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Коџалија, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Претрес во Битола, пронајдена дрога, уапсен малолетник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/lisici-na-race-1.jpg)
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола, извести МВР.
„При петрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага“, велат од МВР.
Малолетникот бил приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/migranti-audi.jpg)
Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода 45-годишниот М.Ј. од Куманово.
„Околу 10.30 часот на локален пат од с.Сопот кон с.Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Вознемирувал жена од Центар за згрижени лица и нападнал полицаец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/tupanici-za-policaec.jpg)
Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45-годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село.
Потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.