Црна хроника
Малолетник со мотоцикл удрил во автобус
Единаесетгодишник со мотоцикл удрил во автобус во скопското село Дељадровце. Момчето со тешки повреди било пренесено во болница, каде што му била укажана лекарска помош.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 15.30 часот помеѓу мотоцикл „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 11-годишник од село Дељадровци, и автобус „лаз“ со скопски регистарски ознаки, кој сообраќал на линијата бр. 66, управуван од М.Б. (48) од село Дељадровци. Малолетникот добил тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

