Црна хроника
Малолетник со тешки повреди донесен во Градската болница, го истепале неколку малолетници пред основно училиште
Вчера во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од село Чифлик, скопско, извести МВР.
„По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(69) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа еден пиштол калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал.
Црна хроника
Пронајдени 10 мигранти, приведен шверцерот од Албанија
Вчера во 23:35 часот на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода 24-годишниот В.Ц. од Република Албанија.
При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко.
Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

