Црна хроника
Малолетник тешко повреден во судир меѓу товарно и патничко возило во Битолско
Во СВР Битола вчера во 08.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Канино, битолско и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(53) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична за убиство од небрежност: застрелал човек со кој бил во лов на дивеч
Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода 54-годишниот Т.К. од село Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ.
Имено, на 04.11.2024, Т.К., заедно со 31-годишниот И.К. од село Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот, извести МВР.
Во текот на вчерашниот ден, со наредба од Основен суд Радовиш извршен е претрес во домот на Т.К., при што се одземени предмети кои се од интерес на истрагата, а лицето е приведено.
Топ
Фрлена бомба во Ќерамидница, едно лице пренесено во болница
Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа, извести МВР.
Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Лишен од слобода скопјанец поради шверцување мигранти
На 13.11.2024 околу 19.35 часот на автопатот Табановце – Куманово, во близина на с.Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода К.Н.(27) од Скопје.
На наведеното место, полициски службеници сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум лица мигранти од Сирија и се обидел да избега, но набргу бил фатен и лишен од слобода.
К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.