Црна хроника
Малолетници ги ограбиле и претепале јапонските туристи кај Катланово
Полицијата приведе двајца од напаѓачите на јапонските државјани во близина на Катланово. Идентитифувано е уште едно лице како дел од групата што ги нападнала туристите и по него се трага. Разбојништвото се случи завчера околу 15 часот на локалниот пат од селото Катланово кон селото Брезница.
Се работи за тројца малолетници од Велес на возраст од 15 до 17 години, кои истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило „форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, што го употребиле неколку часа подоцна во извршувањето на разбојништвото. СВР Скопје, по целосно документирање на случајот, против лицата ќе поднесе соодветни кривични пријави.
Како што МВР претходно ја информира јавноста, напаѓачите кога ги пресретнале јапонските државјани кои со велосипеди се движеле на локалниот пат од селото Катланово кон Брезница, физички ги нападнале и им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „ајфон“, притоа нанесувајќи им тешки телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.