Црна хроника
Малолетници обивале и масовно краделе предмети од автомобили во Скопје

Полицијата во Кисела Вода викендов приведе тројца малолетници од Скопје.
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки.
Тие биле со мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, на кој превезувале предмети одземени на 29/30.6.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела тешка кражба, од кои едното во обид.
Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците, кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела.
Одземените предмети им се вратени на сопствениците. За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишен од слобода возач во Кавадарци, управувал возило со 2,13 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, ноќеска во 01:35 часот на улица „Кочо Рацин“ во Кавадарци, го лишиле од слобода Т.П.(58) од Скопје.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, при сообраќајна контола и преземени мерки констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
„Т.П. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.
Црна хроника
Приведен возач од Кочани, возел со 2,25 промили алкохол во крвта

Полицијата приведе жител на Кочани кој возел под дејство на алкохол.
Според информациите на МВР, утрово во 03.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од село Спанчево, кочанско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник.
Ноќеска, во 1 часот по полноќ, Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот.
Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување.
По насоки на Јавен обвинител за малолетници со оглед дека се работи за кривично дело убиство во обид, 16 годишниот малолетник е лишен од слобода во Полициска станица Драчево по што му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.